Игор Ангеловски Мрме на клупата на Горица доживеа уште еден болен пораз. Со гол примен во деветтата минута од судиското продолжение. Славеше тимот на Хајдук со конечни 0:1, и тоа со голот на својот најдобар играч Марко Ливаја. Претходно репрезентативецот на Хрватска промаши пенал, прв во својата професионална сениорска кариера, но потоа се поправи во последните секунди од дуелот.
Нема среќа нашиот поранешен селектор. Загуби пет од шесте мечеви на кој ја води Горица, а поголемиот дел од нив беа вакви, или пак слични. Со голови примени во последните секунди.
Горица со овој пораз секако дека не мрдна од последното место на табелата во ХНЛ шампионатот. Ангеловски очигледно дека ја нема формулата како да му помогне на тимот со кој очигледно дека не може да обезбеди ниту поволен резултат, а не пак триумф и освојување на полн плен. Неговиот прв ангажман откако го напушти селекторското место на нашата репрезентација очигледно минува и повеќе од неславно, а ќе видиме и до кога ќе трае. До кога раководните структури на Горица ќе му веруваат на Ангеловски остануав да видиме.