Четири години откако го освои светското злато во Јапонија, женската одбојкарска репрезентација на Србија освои ново злато на мундијалите. Во вечерашното големо финале на Светското првенство одиграно во холандски Апелдорн, Србинките успеаја да го совладаат Бразил со убедливи 3:0 (26:24, 25:22, 25:17).
Србија беше толку доминантна на овој шампионат што ги доби сите 12 натпревари и загуби само пет сета. Во вечерашното финале единствена поголема неизвесност имаше во првиот сет, кој Србија го доби на разлика. Во останатите два избраничките на Даниеле Сантарели тотално доминираа.
Неверојатната Тијана Бошковиќ мечот го заврши со 24 поени, а Стевановиќ имаше 11.
SERBIA 🇷🇸: BACK TO BACK WORLD CHAMPIONS!
⚡️ #Electrifying2022 #Volleyball #WWCH2022 pic.twitter.com/wHLKy7kySO
— Volleyball World (@volleyballworld) October 15, 2022