Митревски: Мора да ја оправдаме фаворитската улога, Турција не носи на чекор до ново ЕП!

201

Македонската ракометна репрезентација денеска (16 часот) и гостува на Турција на жешкиот терен во Ван во рамките на 2. квалификациско коло за пласман на Европското првенство 2024 година.

Зад нашите момци е убедливата партија над Луксембург, кој беше еден лесен тренинг. Турција е поинаква приказна во која Македонија ја има фаворитската улога, но истата како што вели еден од најискусните, Никола Митревски мора да се оправда на терен и да се дојде до втората победа која веќе не носи кон ново големо натпреварување.

„После убедливата победа против Луксембург повторно сме фаворити против Турција, тоа треба да го оправдаме на терен. Знаеме дека ќе биде напорно, имаме мал период за адатапција, но, како што кажав ние сме фаворити и нашиот квалитет и искуство треба да дојде до израз, да го добиеме мечот и да направиме уште еден чекор поблиску до Европското првенство“, ни изјави чуварот на мрежата. 

Противникот не смее да се потцени, бидејќи има добри играчи, мора да се внимава на секој детал.

„Далеку од тоа дека се слаба и лоша селекција, имаат двајца играчи кои играат во Бундес-лига, во македонско првенство, мора да бидеме претпазливи, да го дадеме максимумот, да го покажеме нашето најдобро. Имаат брзи бекови, добри крила, стратегијата е подготвена треба да ја спроведеме на дело“.

Новата Македонија созрева покрај неколкумината поискусни имиња во националниот дрес. Митревски знае колку нивните совети се значајни за иднината на мак-ракомет, за продолжување на континуитетот на учества на големи натпреварувања.

„Секогаш си помлад очекуваше некој совет од поискусните кои понатаму би ти значел многу во кариерата. Јас се обидувам да им пренесам на помалдите искуство и знаење, општо за нивниот животен развој и во ракометот. Се обидуваме повозрасните да им бидеме поддршка, било каква помош.

Сега сме присутни на Светското првенство, со победа против Турција сме на следното првенство. Овие играчи имаат едно до две првенства, доволно искуство единствена селекција во Македонија со толкав континутет на учества на големи натпреварувања. Се надевам ќе продолжиме во исто темпо и ќе остане број еден спорт во државата“. 

ПретходноЕлмас со “порака“ до Спалети: Мојата прва љубов (клупата)! (ФОТО)
СледноСузуки победник во Австралија, Бањаја го симна Квартараро од врвот!