Во периодот од 17ти до 22ри октомври, 2022 г. ФФМ е домаќин на УЕФА развојниот турнир за девојки до 15 години, на кој покрај домаќините Македонија учество земаат и селекциите на Косово, Романија и Чешка.
На првиот натпреварувачки ден Македонската селекција за девојки до 15 години го совлада Косово со 4 – 0. Стрелци за македонската репрезентација беа Теона Галабовска која ги постигна првите два гола и Настасја Настова која го зголеми водството на 3-0 и потоа на 4-0.
На вториот натпревар Чешка беше подобра од Романија, со идентичен резултат 4-0.
На списокот на селекторот Јовица Блажески за настап на овој турнир беа повикани следните фудбалерки:
Голмани:
Ангела Блажева
Ања Петрушевска
Одбрана:
Александра Ристевска
Јована Јованоска
Искра Смилевска
Мила Стојановска
Тамара Нешковска
Михаела Марковска
Среден ред:
Теодора Настова
Канита Емини
Теона Галабовска
Ева Величковска
Мила Панева
Сара Атанасовска
Јована Петровска
Напад:
Тајна Грозданоска
Меланија Грозданова
Андреа Коловска
Антонија Спиркоска
Следни натпревари на распоредот на турнирот се:
Македонија – Романија – 19.10.2022 г. (среда) – 12.00 часот / ФФМ Тренинг Центар
Косово – Чешка – 19.10.2022 г. (среда) – 12.00 часот / Стадион Маџари
Македонија – Чешка – 22.10.2022 г. (сабота) / ФФМ Тренинг Центар
Косово – Романија – 22.10.2022 г. (сабота) / Стадион Маџари