Раѓа Наинголан е отстранет од екипата на Антверпен на неодредено време, откако камерите го фатија како пуши електронска цигара на клупата за резерви на саботниот меч против Стандард Лиеж.
Антверпен денеска имал разговор со Раџа Наинголан за неговото однесување и за тоа како одредени постапки се одразуваат на клубот и на соиграчите. Клубот одлучи да го исфрли Раџа од А-тимот на неодредено време. Направени се и јасни договори за тоа што клуб очекува од својот играч.
Ова е втор инцидент на Раџа за само една недела. Претходно поранешниот играч на АС Рома и Интер беше уапсен од полицијата во Антверпен бидејќи возел без возачка дозвола.
😯 L’Antwerp a envoyé Radja Nainggolan dans le noyau B
Le milieu de terrain avait fumé sur le banc avant Standard-Antwerp
📸 VRT pic.twitter.com/CuXvk3VReR
— Ma Pro League (@MaProLeague) October 17, 2022