Швајцарија остана без првиот голман за Мундијалот во Катар?

215

Првиот голман на репрезентацијата на Швајцарија, Јан Зомер, по се изгледа, е уште еден од низата несреќници кои ќе мора да го пропуштат Светското првенство во Катар.

На еден месец до почетокот на најголемиот фудбалски настан, швајцарскиот голман се здоби со повреда на ногата. Зомер синоќа беше принуден да го напушти куп натпреварот на својата Борусија Менхенгладбах против Дармштад по само 13 минути игра.

Првите вести велат дека повредата на Зомер е сериозна. Засега нема конкретни лекарски најави за отсуството од терените кое мора да го направи, но прашање е дали ќе биде подготвен за Мундијалот.

ПретходноПрв меч од новата НБА сезона, прва тепачка: Можев да му го отворам черепот… (ВИДЕО)
СледноКуп: Победа и Македонија ЃП во битка за 1/4 финале!