Реал Марид не запира. Вечерва на “Сантијаго Бернабеу“ во дербито на Ла Лига, “кралевите“ ја победија Севилја со 3:1 и дојдоа до десеттиот триумф во единаесетиот меч сезонава. Реал делува како казнена експедиција, иако вечерва и не беше баш така мазно.
Имено Модриќ донесе водство во 5.минута за 1:0. Гостите израмнија во 54.минута преку Ламела. Да не биде изненадување се погрижија Лукас Васкез и Валверде во 79. И 81.минута за конечни 3:1.
Винициус не даде гол, но затоа имаше две асистенции.