Килијан Мбапе одлучи да остане во ПСЖ и не замина во Реал Мадрид. Иако францускиот напаѓач изјави дека парите не играат пресудна улога, ретко кој му верувал.
Сега Le Parisien откри колку пари добил Мбапе за да остане во францускиот шампион. Неговата плата е дури 72 милиони евра годишно, а за потпишувањето на договорот доби и 180 милиони евра. Тој сепак ќе добива бонус за лојалност за секоја година во клубот – 70 милиони евра по првата сезона, 80 милиони по втората и 90 милиони евра ако остане трета година во ПСЖ.
Севкупно, Мбапе, кој потпиша двегодишен договор со ПСЖ со опција за продолжување на уште една година, ќе добие повеќе од 630 милиони евра доколку остане три години.
Мбапе е во ПСЖ од 2018 година, кога парискиот клуб му плати 180 милиони евра на Монако. За ПСЖ постигна 180 гола со 90 асистенции на 232 настапи.