Судиската комисија излезе со свое видување на судењето на натпреварите од 9.коло во ВМФЛ кои се одиграа викендов. Иако немаше никакви дилеми, сепак и Судиската комисија во својата судиска анализа докажува дека пеналот за Гостивар на супер – дербито со Вардар, по кој гостоварци победија, бил правилно досуден.
Во продолжение можете да ја видите анализата на спорните моменти од страна на Судиската комисија:
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 9. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Гостивар – ФК Вардар одигран на 23.10.2022 година анализирана е ситуацијата од 15. минута.
Главен судија: Доне Ристовски. Помошен судија: Петар Новачев и Тоше Ицев.
15 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Центрирана топка на втора статива во шеснаесетникот на екипата на гостите, играч од одбраната на гостите од позади грб го турна играчот од нападот на домаќините кој се спремаше да ја удри топката со глава.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри и доделен жолт картон за неспортски прекршок (туркање).
На натпреварот ФК Слога Виница – ФК Беласица одигран на 23.10.2022 година анализирани се ситуациите од 44. и 76. минута.
Главен судија: Јосип Бартон. Помошен судија: Александар Ѓорѓевски и Идриз Идризи.
44. минута: ДОБРА ПРОЦЕНА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (недосудено офсајд позиција)
Играч од екипата на домаќините додаде топка до свој соиграч кој во моментот на додавање на топката беше во линија со претпоследниот играч од одбраната на гостите и истиот постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен, бидејќи играчот при додавањето на топката од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со претпоследниот играч од одбраната на гостите).
76 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката странично од голот на домаќините, над него беше направен неспортски старт меѓутоа судијата дозволи одлична предност, истиот играч влезе во шеснаесетникот на домаќините и над него неспортски стартуваше (сопнување) друг играч од одбраната на домаќините и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за неспортски старт (сопнување).
На натпреварот ФК Пехчево – ФК Охрид одигран на 23.10.2022 година анализирана е ситуацијата од 23. минута.
Главен судија: Марјан Дејаноски. Помошен судија: Давор Цветаноски и Мартин Дејаноски.
23 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА СУДИЈАТА (досудено игра со рака од напаѓач)
Играч од нападот на домаќините играше со рака пред шеснаесетникот на гостите, истиот потоа ја додаде топката до свој соиграч кој постигна гол.
Исправна одлука на главниот судија, голот е поништен, досудено е слободен удар за екипата на гостите, бидејки играчот на домаќините пред да ја додаде топката до соиграчот топката ја играше со рака.
На натпреварот ФК Саса – ФК Арсими одигран на 23.10.2022 година анализирана е ситуацијата од 24. минута.
Главен судија: Боби Величков. Помошен судија: Роберт Црвенов и Андреј Ќамилов.
24. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Во шеснаесетникот на екипата на домаќините, играч од нападот на гостите прв дојде до посед на топката и над него неспортски стартуваше (на нога) без да игра со топката играч од одбраната на домаќините и направи прекршок.
Исправна одлука на главниот судија, досудено удар од 11 метри и доделено жолт картон на играчот од одбраната на домаќините за недозволен старт.
На останатите натпревари од 2. МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.