Вечерва две дербија како завршница на 2. коло кај одбојкарките

112

Со дерби натпреварот меѓу Јанта Волеј и Наковски Волеј вечерва се затвора 2. коло од домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција. Претходно ќе се одигра уште еден дерби дуел меѓу екипите на Струмица и Вардар, така што денеска практично на програмата ги имаме двата најинтересни дуели од 2. коло во шампионатот кај дамите.

Во двата дена од викендот се одиграа преостанатите дуели во кои шампионките Работнички дојдоа до убедлива победа над Македонија Макс со 3:0 (25:9,25:10,25:9), додека екипата на Вардар ЕМ претрпе пораз на домашен терен од Фит Фан Волеј со 1:3.

Во машка конкуренција шампионот Струмица Никоб во премиерниот настап сезонава, одбраната на титулата ја почна со убедлив триумф над Борец. Сигурна победа извојува и Либеро над екипата на Петровец.

Прва лига (мажи), 2.коло

Штип УГД – Универзитет во Тетово 3:1 (22:25, 25:21,25:13,25:19)
Весна Пробиштип – Шкендија 0:3 (15:25,17:25,19:25)
Струмица Никоб – ГОК Борец 3:0 (25:23,25:12,25: 21)
Македонија Џио – Сушево 0:3 (18:25, 17:25, 23:25)
Либеро – Петровец 3:0 (25:13; 26:24; 25:14)
*слободна е екипата на Лирија
Прва лига (жени), 2.коло
Работнички Скопје – Македонија Макс 3:0 (25:9,25:10,25:9)
Вардар ЕМ – Фит фан волеј 1:3 (25:19, 27:25, 11:25, 25:19)
Струмица жени – Вардар жени (денеска, 18.00)
Јанта волеј – Наковски волеј (денеска, 19.30 на МРТ)
ПретходноСудии за ПМФЛ: Грујоски “главен“ на ФФМ на мечот Работнички – Силекс, Тефику во Штип…
СледноМурињо во свој стил: Како се вика оној фудбалер на Наполи што постојано паѓа?