Интересно, односно жешко било по мечот меѓу РК Јуниор Кисела Вода и РК Е. Пелистер 2, во соблекувалната на домашниот состав. Имено веројатно изнервирани од поразот, двајца домашни ракометари се степале. Станува збор за Горан Печенковски и Никола Митровиќ. Подебелиот крај го извлекол Печенковски а самата тепачка се случила во соблекувалната пред останатите ракометари.
Дека има имало инцидент, тоа во својот билтен го потврдува и МВР.
„Г.П. (34) од Битола пријавил дека околу 20.40 часот, по завршување на спортски натпревар, во соблекувалната во спортска сала во Кисела Вода, бил физички нападнат од негов соиграч Н.М. (29) од Р. Србија“ се вели во соопштението на МВР.