Минатата недела раководството на Астон Вила, и тоа поради слабите резултати, го откачи Стивен Џерард. На мечот со Брентфорд вчера во Премиерлигата, на кој тимот од Бирмингем победи со 4:0, на клупата како В.Д. Седеше Арон Денкс, но јасно е дека тој не е во комбинација за наследник на Џерард.
Се споменуваат повеќе имиња, а едно од тие е Унаи Емери, актуелниот стратег на Виљареал, кој како тренер на Арсенал веќе беше на Островот. Тој е пикот на Астон Вила, но дали Емери би прифатил да дојде во тимот од Бирмингем останува да почекаме.
Инаку покрај Емери, за нов тренер на Астон Вила се споменуваат и Шон Дајш, Маурицио Покетино и Томас Франк.