ПМФЛ: Лидерот гостува под “Маркови кули“, Работнички на мегдан со Силекс, Шкупи и Шкендија во атак на нови бодови…

243

 

Денеска од 14 часот се играат четири натпревари од 12.коло во ПМФЛ. Нема класично дерби, но на сите четири меча се очекува возбудлива борба за бодови. Лидерот Струга Трим Лум по два меча без победа, реми со Македонија ЃП и пораз од Шкупи од непостоечки пенал, гостува во Прилеп кај Победа. Момците на стратегот Срѓан Захариевски посакуваат со добра игра да им се вратат на бодовите зошто Шкендија и Шкупи веќе дојдоа на -6 и -7 бодови.

Работнички и Силекс на мегдан на ФФМ. Можеби е ова дерби на колото, ако се знае што значат или значеле некогаш овие две екипи во мак-фудбалот. “Романтичарите“ секако дека посакуваат три бода, но Силекс од коло во коло покажува дека не се шегува.

Шкупи на Чаир го дочекува разиграниот Тиквеш, тим кој е еден од најпријатните изненадувања оваа сезона. Сепак шампионот е фаворит, во последно време Шкупи игра добро, собира бодови, но Тиквеш знае да ги изненади фаворитите.

Скопје и дефинитивно продолжува на клупата со Славчо Георгиевски – Тупан, а денеска на Автокоманда “пиратите“ ќе ја дочекаат силната Шкендија која ќе игра без суспендираните Хасани и Мурати.

Вчера во дербито на Истокот во Штип, Брегалница ја победи А. Пандев со 1:0. Македонија ЃП ова коло е слободна.

 

ДВОЈКИ ЗА 12.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС

ПОБЕДА – СТРУГА ТЛ

ШКУПИ – ТИКВЕШ

ВЧЕРА:

БРЕГАЛНИЦА – А.ПАНДЕВ 1:0

МАКЕДОНИЈА ЃП (СЛОБОДНА)

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 25, Шкендија 19, Шкупи 18, Силекс 18, Тиквеш 16, Брегалница 15, Македонија ЃП 12, Работнички 11, А. Пандев 8, Победа 8, Скопје 5 бодови…

ПретходноСрбија во страв пред СП, се повреди еден од најдобрите играчи!
СледноЈувентус донесе изненадувачки вести по дебаклот во Лигата на шампиони!