Скопје – Шкендија 0:1, или поточно кажано Скопје – Дориев 0:1. Да, лесно и е на Шкендија кога го има во своите редови Љупче Дориев, лесно му е на тренерот Ќато Османи кога во својот напад може да смета на Дориев. Останатите од Шкендија треба да гледаат само да не примат гол, а Дориев секако дека ќе ја затресе противничката мрежа. Така беше и попладнево на Автокоманда, каде Шкендија токму со голот на Дориев успеа да победи со 0:1.
Во изминатите 12 кола, без разлика што во таборот на тетовци има безброј “ѕвезди“ за наши услови, но најмногу покажа и покажува Љупче Дориев. Прв стрелец на тимот со 6 голови, со еден помалку од лидерот на листата на стрелците Бесарт Ибраими од Струга Трим Лум.
Со Дориев во нападот и дефинитивно Шкендија, дури сега кога дојде на -3 од Струга ТЛ, ќе атакува на титулата.