Во сабота на Автокоманда се игра супер – дербито на 10.коло во ВМФЛ меѓу Вардар и Воска Спорт. Се среќаваат вториот и првиот на табелата. Првично беше планирано да се игра од 14 часот, но поради ТВ преносот на Спорт Клуб, почетокот ќе биде нешто порано и тоа од 13:30 часот место од 14 часот како што беше планирано.
Оваа вест ја потврдија и од страна на ФК Вардар кој е организатор на овој меч, меч кој некои работи би требало да бидат појасни околу врвот на табелата во ВМФЛ.