Од своето доаѓање, Ерлинг Халанд за кратко време стана клучен играч на Манчестер Сити, тим кој постигнува многу голови. Па секој проблем поврзан со него е може да промени многу во играта на „граѓаните“.
Халанд на последниот натпревар во Лигата на шампиони беше изваден од игра на полувремето, тогаш Пеп Гвардиола рече дека неговиот фудбалер е болен.
Денеска Сити игра против Лестер, па се уште не е познато дали Халанд ќе може да му помогне на тимот. Тој постигна 17 голови на 11 мечеви во Премиер-лигата, па покрај тоа што е болен, сигурно е уморен.
„Малку е подобро, тренираше, но ќе видиме. Мораме да почекаме, да видиме како се чувствува“, изјави Гвардиола.
Се чини дека големиот број на мечеви и забрзаното темпо и тоа како се одразува на фудбалерите, но земјаќи го карактерот на Халанд, фановите веруваат дека ќе истрча на теренот против Лестер, првиот меч од денешната програмата во Премиер-лига.