Пиоли направил пресметка колку бодови ќе му бидат потребни на Милан за титула

151

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли потврди дека Брахим Диаз и Сержињо Дест ќе му бидат на располагање против Торино утре и верува дека на „Росонерите“ ќе им требаат најмалку 85 бода за да ја одбранат титулата во Серија А.

На шампионите им претстојат два клучни натпревари. Првиот,  утре на гостувањето кај Торино во Серија А, а потоа гостувањето кај РБ Салцбург во Лигата на шампионите следната недела, кога и реми ќе им биде доволно за пласман во осминафиналето.

„Ни претстојат пет важни натпревари, тимот се чувствува добро, а утре е најважниот натпревар. Играњето против тимовите на Иван Јуриќ нуди голема мотивација бидејќи тој ги принудува противниците да најдат различни решенија“, рече Пиоли.

ПретходноВардар ја среди Воска Спорт и се врати на чело на табелата (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноВардар лидер, Гостивар добро мина во Гевгелија, Пелистер сигурен дома