Петровиќ: Во втората и третата четвртина одбраната целосно ни се распадна!

133

МЗТ Скопје го запиша четвртиот пораз во АБА-лига, откако на гостувањето кај Цедевита Олимпија беше совладан со убедливи 93-72. Актуелниот македонски првак беше рамноправен противник до пред крајот на втората четвртина кога целосно се распадна, застана и беше целосно надигран.

„Честитки до Олимпија на одличната партија и победа. Поразот го гледам во втората и третата четвртина кога целосно ни се распадна одбраната. Не успеавме да го сопреме Омиќ, имаа повеќе желба. Беа подобри во скоковите имаа десетина повеќе, ги натеравме на повеќе загубени топки, но тоа не беше доволно за нашата екипа“, изјави Петровиќ по мечот. 

Во следното коло МЗТ Скопје е домаќин на Морнар.

ПретходноПролет им се врати на победите, Радовиш со цел плен од Скопје!
СледноДимитриевски и Рајо го освоија целиот плен во Севиља (видео)