Пандев не му ја прифати оставката: Васоски останува тренер на А. Пандев!

987

И дефинитивно Александар Васоски и натаму ќе биде шеф на стручниот штаб на Академија Пандев. Имено газдата на клубот, Горан Пандев, едноставно не ја прифатил оставката на Васоски па така тој и натаму ќе го предводи тимот.

Ова можеби е и очекувано, ако се знае дека Васоски пред извесно време беше вратен во клубот со цел да биде тренер на долги патеки.

Но, ете, резултатите никако да дојдат и по вчерашниот пораз од Работнички, тој како и сите нормални тренери си даде оставка. Во изјава за “Спортмедиа“, која прва и ексклузивно објави за оставката, посочи дека тој своето си го направил а сега на потег е раководството на клубот.

А тој потег е Васоски и натаму да биде шефот на тимот на А. Пандев.

ПретходноНЕВЕРОЈАТНА КОРЕОГРАФИЈА НА НАВИВАЧИТЕ НА ШАЛКЕ: Го распослаа дресот низ цела трибина (ВИДЕО)
СледноДвоен триумф на Малинковски на Монца во Twingo Cup