Легендарниот шахист Анатолиј Карпов се бори за живот, приклучен е на респиратор

286

Еден од најдобрите шахисти на сите времиња, Русинот Анатолиј Карпов, е во многу тешка состојба и е приклучен на респиратор, откако пред два дена под се уште неразјаснети околности доживеа тежок пад.

Карпов при падот се здобил со тешки оштетувања на мозокот и скршеница на ногата. Веднаш бил хоспитализиран во болница во Москва. Причината за страшната несреќа не е позната, падот се случил пред руската Дума во Москва.

Легендарниот 71-годишен шахист моментално е во кома, а со соопштеие се огласи неговата сопруга Наталија Буланова:

„На сите мои драги пријатели им давам резиме на здравствената состојба на Анатолиј. Има умерена сериозност, нормална температура, добри перформанси, позитивна динамика. Констатиран е потрес на мозокот и пневмонија од благ степен. Утре и задутре се многу важни денови. Лекарот што го следи пријавил позитивна динамика, но засега е окарактеризиран како сериозен пациент. Од она што го разбрав главниот проблем е пневмонијата. Денес или утре ќе се префрли на самостојно дишење. Лекарите се трудат“.

ПретходноМодриќ урна нов рекорд: Сега е највозрасен играч кој погодил пенал во ЛШ
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Жиру го турка Милан кон осминафинале, Јуве се уште „виси“ за ЛЕ (ВИДЕО)