Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше исклучително расположен синоќа откако го совлада Ред Бул Салзбург со 4:0 и се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите. „Росонерите“ првпат по девет години ќе учествуваат во елиминациската фаза.
„Не е важно кој ќе ни се падне во осминафиналето, но во секој случај противникот нема да биде лесен. Сепак, ние сме шампиони на Италија и мораме да играме наш фудбал, обидувајќи се да одиме што подалеку. Не смееме да се плашиме од ниту еден противник. Сега го насочуваме вниманието кон првенството, каде што е важно да останеме блиску до Наполи “, изјави Пиоли па додаде.
„Мора да имаме сериозни амбиции во Лигата на шампионите и да не се плашиме од никого. На кого и да му се допаднеме, ќе пристапиме со потребната самодоверба. Направивме чекор напред, но тоа е само дел од долгиот пат. Денеска навистина сакавме да покажеме дека сме подобри од лани и успеавме“, изјави тренерот на „Росонерите“.