Сари никогаш не ја превзема вината: Судијата ќе го изнервираше и светецот Падре Пио!

127

Маурицио Сари е познат по тоа што секој пат бара алиби по пораз на натпревар, овој пат тој ги критикуваше босанските судии предводени од Ирфан Пељта по поразот на Лацио од Фенорд во Лига Европа. Голот на холандскиот тим беше прегледан на ВАР, судијата доби одобрение да го признае, момент кој Сари не може да го прости, како и моментот дека ќе играат Конференциска лига.

“Судијата ќе го изнервираше дури и светецот Падре Пио, бевме ужасно третирани. Да бев претседател на клубот, нема да играм во Конференциската лига. Судиите беа збунети, на голот му претходеа два прекршоци. По голот прекинот траеше пет минути. Би сакал да знам колку ефективно се играше од спорната ситуација до крајот, зошто одигравме само четири, пет минути ефективно време“, изјави Сари. 

ПретходноПике на Барселона ќе и „прости“ неверојатна сума!
СледноМЗТ Скопје во „лов“ на втората победа, Петровиќ ја знае „формулата“!