Одбројуваме до почетокот на Светското првенство во Катар, кое стартува на 20 ноември, премиерниот натпревар ќе го одиграат селекцијата на домаќинот и Еквадор.
Ќе учествуваат 32 репрезентации, но во подготовката на првенството ФИФА се фокусира на изјавите и пораките кои репрезентацијата или нејзините членови би можеле да ги испратат во етер. Од добивањето на статусот земја-домаќин, па се до изградбата на стадионот – Катар е полн со контроверзии. Забележано е дека илјадници работници имигранти со живот платиле за изградба на величествени стадиони до негативниот однос на државата Катар за хомосексуалноста.
Организаторите, вклучително и ФИФА, стравуваат дека репрезентациите би можеле да и се „спротистават“ на земјата домаќин за време на Светското првенство. Инфантино, пак, не ризикува ништо, веќе е испратено јасно писмо до земјите учеснички.
Сите 32 репрезентации добија писмо, потпишано од Инфантино (претседател на ФИФА) и Фатма Самура (генерален секретар на ФИФА). Во писмото е пренесено барање до репрезентациите да се фокусираат само на фудбалот, да уживаат во фудбалскиот фестивал и да не се фокусираат на проблемите што ги споменавме.
„Секој е добредојден, без разлика на потеклото, потеклото, религијата, полот, сексуалната ориентација или националноста“, стои во извадок од писмото.