Барселона го имала лекот за Фенербахче

120

Барселона по голема драма го совлада Фенербахче со 81-80 во рамките на шестото коло во Евролига и му го нанесе првиот пораз оваа сезона. Турскиот тим имаше шанси да израмни при 81-78, но успеа да постигне само два поени.

Лапровитола со 26 поени и седум асистенции беше прв стрелец, зад него беше Калиниќ со 14 поени, на другата страба Мотли имаше 23 поени.

Валенсија успеа да слави на гостувањето кај Олимпијакос со 82-83. Шпанскиот состав успеа да се врати во игра и покрај тоа што во последната четвртина имаше негатива од 11 поени. Дубљевиќ и Џонс запишаа по 17 поени, на другата страна Везенков реализираше 20 поени.

Резултати: Жалгирис – Алба 88-81, Олимпијакос – Валенсија 82-83, Барселона – Фенербахче 81-80, Монако – Црвена Звезда 85-77, Виртус – Лион 79-84.

ПретходноСопственикот на Бруклин веќе не сака да го види Ирвинг во клубот
СледноМукаетов: Ракометарките вредат повеќе од турбофолк ѕвездите за кои дел од јавноста дава по 1.200 денари!