Манчестер Сити во своите редови донесе уште еден талентиран фудбалер во својата академија, а тој доаѓа од Евертон. Се работи за 17-годишниот офанзивен халф Емилио Лоуренс. Тој одамна се договори со „граѓаните“, но дури сега им се приклучува.
Лоуренс одигра неколку натпревари и за тимот на Евертон до 23 години.
„Му благодарам на Евертон за се што направи за мене во претходните 10 години. Радосен сум што почнувам нова авантура со Манчестер Сити“, изјави Лоуренс.