Емполи минимално, Салернитана испушти победа

70

Тимот на Емполи на домашен терен го совлада тимот на Сасуоло на отворањето на ова Серија А коло. Со голот на Балданзи во 64. минута, домаќинот успеа да оствари важен триумф и да избега уште повеќе од опасната зона на табелата.

Од друга страна Салернитана не успеа да издржи на свој терен и покрај водството на два пати и мораше да се задоволи само со бод во ремито против Кремонезе, 2:2. Домаќинот преку Пјонтек поведе уште во третата минута, за да Окереке израмни во 12. Кулибали во 38 минута одново му носи водство на домашниот тим, а на крајот од дуелот вистинска драма.Циофани најпрво промаши пенал во 88. минута, а потоа истиот играч минута подоцна израмни на 2:2. Продолжението од десетина минути не донесе промена на резултатот.

 

ПретходноСити се засили со талент на Евертон
СледноБаерн триумфално низ Берлин, Дортмунд сигурен против Бохум