Македонската женска ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Европското првенство кое се одржува во Скопје. Избраничките на Љубомир Савевски беа совладани од актуелниот олимписки првак Франција со 24-14 во првиот меч во групата Ц.
„Црвено-жолтите“ посакаа и добија поддршка од трибините, македонската публика дојде да им посака среќа на ова контиентинентално натпреварување, а без разлика на случувањата на теренот ги бодреше постојано.
Јанеска со пет гола од осум обиди беше прв стрелец, Ристовска и Саздовска имаа по три гола.
Нашите девојки беа во грч, одбраната добро функционираше, но фалеше реализација, првиот гол го постигна Кирпијановска во 16 минута за 5-1. Вториот погодок го постигна Маџовска во 20 минута за 6-2. Нашата одбрана беше цврста, не им дававме на олимписки прваци да се разиграа премногу, Јанеска намали на 6-3.
Пропуштивме шанси за гол повеќе, па Франција зголеми на 11-3 во 27 минута. Ристовска од седум метри намали на 11-4. На одморот резултатот е 12-5.
Второто полувреме беше само рутинска задача за актуелниот олимписки првак, но добра шанса за да нашите девојки се опуштат и веќе на следниот меч да покажат уште подобра игра. Франција во 42. минута поведе со 18-8, па со 21-10. На крајот негативата остана двоцифрена.
Следен противник е Холандија мечот се игра на 7. номеври.