Савевски: Не сум разочаран од девојките!

196

Македонската женска ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Европското првенство, кое се одржува во Македонија. На првата средба, избраничките на Љубомир Савевски беа поразени од Франција со 24-14.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим не е разочаран од девојките.

„Тежок меч за нас. Имавме многу проблеми во нападот каде 27 пати промашивме и имавме над десет грешки. Сепак, не сум разочаран бидејќи еден дел од мечот го одигравме во егал со Франција. Сакам да и честитам на Франција за одличната одбрана. Ќе повторам како и пред мечот мислам дека ова е најдобриот тим на Франција во историјата“, изјави Савевски. 

Македонија во второто коло ќе игра против Холандија, мечот е закажан за седми ноември.

ПретходноЕлиф „стрела“, Наполи победува (ВИДЕО)
СледноРистовска го издвои позитивното: Се боревме до самиот крај!