Мирчевски со шести гол сезонава во дресот на Бачка Топола (ВИДЕО)

306

Со својот шести гол сезонава, Мартин Мирчевски изби на првото место на листата на најдобри стрелци во екипата на Бачка Топола, која за жал, денеска на домашен терен беше поразен аод Партизан со 3:2. Нашиот интернационалец мечот го почна од клупата, но влезе во 70. минута при водство на гостите од 2:1, и само десет минути подоцна успеа да погоди за израмнување.

Сепак, Партизан до крајот постигна и трет гол за победа. Бачка Топола го претрпе само вториот пораз сезонава и не случајно се наоѓа на 3. место на табелата во српската Суперлига.

ПретходноЧетири победи во низа: Јуве го доби дербито со Интер (ВИДЕО)
СледноРаботнички реди победи, Вардар 2019 го запре Фит Фан Волеј