Агонијата во редовите на ЛА Лејкерс продолжува. „Езерџиите“ редат порази во новата сезона, а составот пол се ѕвезди е на добар пат да не се најде во плеј-офот, доколку продолжи во овој ритам.
Леброн Џејмс и неговите соиграчи го запишаа седмиот пораз оваа сезона, беа совладани од Кливленд со 100-114 и натаму се во долниот дел од табелата во Западната конференција, зад нив на последното место е само Хјустон.
Се чинеше дека ова ќе биде победничка вечер за Лејкерс, но Кливленд со серија до 17-0 дојде до плус 14 и без проблем го приведе дуелот во своја корист.
Најефикасен во редовите на домашниот тим беше Леброн со 27 поени и 7 скока, Дејвис и Вестбрук имаа дабл-дабл. Првиот запиша 19 поени и 12 скока, додека вториот постигна ист број на поени, но подели 10 асистенции.
Кај победникот, Мичел со 33 поени беше лидер, зад него беше Гарланд со 24 поени.
Резултати: ЛА Лејкерс – Кливленд 100-114, Мемфис – Вашингтон 103-97, Торонто – Чикаго 113-104, ЛА Клиперс – Јута 102-110.