Над 5000 навивачи од Индија, Непал, Шри Ланка… одат во Катар да навиваат за Аргентина

264

Навивачката група „Argentina Fans Qatar“ (AFQ) беше формирана во јуни оваа година, непосредно пред натпреварот на Аргентина против Италија. Тоа е група на поддржувачи на аргентинската фудбалска репрезентација кои не се родени Аргентинци, но го сакаат фудбалот и страста кн фудбалот кои го негуваат токму Аргентинците. AFQ се група навивачи на Аргентина од различни националности, првенствено Индијци, Непалци, жители на Шри Ланка, Бангладеш, а вклучува и Африканци и Катарци, кои велат дека нивната љубов кон Аргентина и Меси нема граници.

Откако Меси објави дека Светското првенство во Катар ќе му биде последно, расте интересот кај навивачите да го гледаат последен пат на големо натпреварување и нивната најголема надеж е дека двократниот светски шампион ќе ја освои третата титула на 18 декември.

„Нашата движечка сила е љубовта кон Аргентина, а нашата цел е да ги поддржиме и направиме љубителите на фудбалот да се чувствуваат како дома во Катар“, изјави за Ал Џезира, Мохамед Сухаил Али, индиски инженер и основач на групата од 5.000 лица кои ќе бидат во Катар и ќе навиваат за јужноамериканците.

Групата брои и околу 100 Аргентинци, кои ќе им се приклучат на оние од Индија, Бангладеш, Непал, Пакистан, Шри Ланка, Италија, Шпанија, Нигерија, Камерун, кои веќе имаат билети за натпреварите на Меси и компанија на СП во Катар.

„Во рок од пет месеци успеавме да ја зголемиме базата на навивачи на повеќе од 5.000 и само едно нешто не обединува – љубовта кон Аргентина“, додаде тој.

Мнозинството членови на AFQ се од Керала, фудбалската престолнина на Индија на југот на земјата, каде што доминираат навивачи на Аргентина и Бразил.

ПретходноДимитријевиќ со 22 поени го предводеше Уникс до победа (видео)
СледноДефинитивно: Македонија и Романија во битка за главната фаза