Иако не победи под Шара, сепак да и се земе бод на една Шкендија и тоа на нејзин терен секако дека не е мала работа. Токму затоа, а и се разбира како одигра неговиот тим во Тетово, според “Спортмедиа“ тренер на ова 14.коло е Александар Васоски од тимот на А. Пандев. И фактот дека беше исклучен на полувремето поради преголема реакција, сепак не ја намалува неговата заслуга за тие 1:1 под Шара.
Како одигра неговиот тим, јасно е дека прашање на време е кога “пандевци“ ќе тргнат со една победничка серија и ќе го напуштат долниот дел на табелата, каде објективно не ни припаѓаат.