Утре Брегалница со Лазе Илиев на чело во Струга и премија од 10.000 евра

3792

На денешниот одржан тренинг во Штип, на тимот на Брегалница, по подолго време се појави и првиот човек на клубот, Кирил Гогов. Од негова страна е дадена целосна поддршка на тимот и на раководните структури кои останаа, како и од стручниот штаб за она што досега е сработено, како и за она што следува.

Штипјани се во фаза на прегрупирање по оставките на досегашниот спортски директор Никола Тонев, како и тренерот Илчо Ѓорѓиоски. Па така, сега се шпекулира со нивните наследници, а дознаваме дека телефонскиот број на Гогов во последните десетина часови го завртеле можеби повеќе од педесет луѓе на оваа тема.

Спортмедиа дознава дека најсериозен кандидат засега за тренерското место е Никола Кузманов, но на утрешниот меч од четврфиналето на националниот Куп во Струга против тимот на Трим Лум, Брегалница ќе ја води досегашниот помошник на Ѓорѓиоски, Лазар Илиев. Од друга страна пак, како мотивација за утрешниот меч ветена е премија од 10.000 евра за евентуална победа против еден од најквалитетните тимови во ПМФЛ сезонава.

Конечно, доколку не се најде решение околу тренерското место во следните денови, односно доколку околностите одат во прилог на Илиев, можно е тој да остане и в.д. тренер се до зимската пауза во Штип.

ПретходноНено во најдобрата петорка на колото во Русија
СледноИзмени во распоредот на Премиер лигата за следната сезона