Сенида воодушевена од изведбата на Кики и Еурека на отварањето на ЕУРО 2022 (ВИДЕО)

366

Скопје е еден од главните ракометни центри овие денови. Во нашиот главен град се игра Европското сениорско женско првенство. На отварањето на истото, единствена точка која според сите протоколи на ЕХФ ја видовме на теренот во СЦ „Борис Трајковски“ беше изведбата на Кики Мукаетова и танчерското студиото „Еурека“ на официјалната песна „Play with heart“.

Оваа песна е во изведба на познатата регионална музичка ѕвезда, пејачка и текстописец Сенида.

Перформансот во Скопје ја остави без зборови Сенида, па лично ја замоли Кики Мукаетова да го сподели видеото од отварањето, на кое навистина сите блеснаа, му дадоа одличен вовед на ракометниот европски празник во Македонија.

ПретходноДвајца од повредените во Јуве се вратија на тренинг
СледноНе го зема зетот на СП во Катар иако тој е еден од најискусните играчи, а бил и капитен