ФИФА им забрани на Данците да носат специјални маици во Катар!

337

Светското првенство во Катар е на прагот, полека сите погледи се свртени токму кон овој голем спектакл. Веќе се месеци домаќинот е во центарот на вниманието, видовме бројни натписи поткрепени со видео-записи за начинот на кој кршат човековите права во оваа земја, особено кога станува збор за работниците.

На ваквата ситуација не останаа умини дел од учесниците, а дел од нив се добија и предупредување од страна на ФИФА. Данска доби забрана да тренира со маички на кои стои „Човековите права се универзални“.

„Денеска ни стигна порака од ФИФА дека не смееме да ги користиме маиците со овој натпис. Наведено е дека тоа е од технички причини“, изјави Јакоб Јенсен, еден од челниците на Данската фудбалска федерација.

Данците најавија дека ќе продолжат со пораки во битката за еднакви човекови права на планетата.

ПретходноАнчелоти: Модриќ не сфаќа што промаши, тој е изгубен!
СледноЕден и единствен: Столе Димитриевски со одбрана за најавни шпици (ВИДЕО)