ОФМ донесе одлука за пет спорни натпревари, меѓу кои и прекинот во Струмица

194

Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да регистрира со службен резултат пет натпревари од сениорските првенствени конкуренции (Либеро-Лирија 0:3, Вардар ЕМ-Јанта волеј Кисела вода 3:0, Фит фан волеј-Вардар жени 3:0, ТЕ волеј-Фламинго волеј 3:0 и Струмица Никоб-Шкендија 3:0).

Поради тоа што Либеро, Јанта волеј Кисела вода, Вардар жени и Фламинго волеј немаа документи за лекарски прегледи на своите играчи, ги загубија спорните натпревари, а службен пораз ќе претрпи и Шкендија, која ја напушти салата „Парк“ во дербито со Струмица Никоб, со образложение дека не се исполнети условите за безбедност. Сепак, по разгледување на снимката и прегледување на изјавите на службените лица, ОФМ реши дека треба да има санкција за екипата којашто го напушта теренот.

Според правилата, на сите екипи со службен пораз им се одзема и еден бод, така што табелите во првенствените сениорски конкуренции претрпеа промени и од тој аспект. Струмица Никоб изби на водечкото место кај одбојкарите, а Работнички Скопје се врати на чело кај дамите иако вчера го загуби дербито со Јанта волеј Кисела вода.

Кај дамите вчера беа комплетирани натпреварите од 6. коло во кое имаше неколку интересни резултати, особено првиот пораз на шампионот, Работнички.

Прва лига (жени), 6.коло

Јанта волеј КВ – Работнички Скопје           3:2 (25:23, 23:25, 25:13, 20:25, 16:14)

Наковски волеј – Фит фан волеј           3:0 (25:16, 25:14, 25:15)

Македонија Макс – Вардар жени          0:3 (19:25, 17:25, 16:25)

Струмица жени – Вардар ЕМ          3:0  (25:16, 25:17, 25:14)

ПретходноБарди стрела за Трабзонспор во ремито против Анкарагучу (ВИДЕО)
СледноФинска без Пуки на дуелот со Македонија во Скопје