Финска без Пуки на дуелот со Македонија во Скопје

266

Селекторот на финската фудбалска репрезентација, Марку Канерва уште во вторникот објави листа од 21 фудбалер на кои ќе смета за пријателскиот меч со Македонија во Скопје следната недела. Канерва рече дека има многу главоболки околу составувањето на списокот, со оглед на отсуството на многу планирани репрезентативци.

Финска во Скопје доаѓа и без својата прва ѕвезда, Теему Пуки, кој од селекторот доби простор за одмор поради долгата и напорна сезона.

„Теему има долга сезона зад себе и имавме разговори со него за ситуацијата. Теему има многу натпревари во Чемпионшип, а имаше и четири меча во Лигата на нации. Решивме дека во овој натпреварувачки прозорец има доволно простор да здивне и да одмори, бидејќи следната година ќе продолжиме во исто темпо“, вели Канерва.

Во Скопје нема да дојдат ниту Ричард Јенсен поради клупските обврски, Миро Тењо поради проблеми со повреда, како и Даниел О’Шонеси кој се уште е на рехабилитација.

Во репрезентацијата дополнително се повикани Нило Менпала од Варта Позњан и Туомас Олила од Илвес.

ПретходноОФМ донесе одлука за пет спорни натпревари, меѓу кои и прекинот во Струмица
СледноПоискусните без проблеми: Е. Пелистер лесно се справи со „братскиот тим“