Лесно и ефикасно, вицешампионот Е. Пелистер го доби дуелот со вториот состав на клубот од Битола во рамките на 10. Суперлиашко коло. По она неочекувано реми во нивниот прв овосезонски дуел, момците на Ларс Валтер вечерва славеа со убедливи 36:27.
Уште во првиот дел беше донесена конечната одлука околу победникот на мечот, откако поискусните „пелистерци“ водеа со 7 гола разлика (20:13).
До крајот на средбата, Ојлески постигна 9 исто колку и Костевски, кои постигнаа половина од головите за својот тим. Кај вториот тим на Е. Пелистер најефикасен беше Кукуловски исто така со 9 погодока.