ПМФЛ: Мега-пресметка во Струга, скопско дерби во Кичево, Работнички на гости во Кавадарци

253

За денеска од 13 часот закажани се четири натпревари од 15.коло во ПМФЛ. Дербито на колото, па и на полусезоната се игра во Струга каде домашната Струга ТЛ ја дочекува Шкендија. Меч кој може да го даде и името на есенскиот првак, ако лидерот победи и му го нанесе вториот пораз на тетовскиот тим. Досега во оваа сезона  само Струга ТЛ ја има победено Шкендија и тоа во Струмица кога беше 2:0, стрелец на еден гол на тој меч беше Бесарт Ибраими, кој денеска одново ќе игра против својот некогашен тим:

Тежок натпревар, ова ќе биде дуел меѓу двете најдобри екипи во моментов во ПМФЛ, кои се и најдобро пласирани на табелата. Најважно е да биде фер и коректен овој натпревар, да биде пример како треба, а на крајот нека победи подобриот“ посочи Ибраими.

May be an image of 5 people, people standing, people playing football and grass

Шкупи во скопското дерби го дочекува Скопје. Се игра во Кичево поради суспензијата на стадионот Чаир поради немилите настани на куп мечот со Шкендија во средата.

Работнички гостува во Кавадарци каде ќе се обиде да го изненади Тиквеш која како домаќин ретко губи. Ова ќе биде меч од кој се очекува и двете екипи да прикажат квалитет.

Во Струмица домашната А.Пандев во обид по повеќе од 70 дена да дојде конечно до победа оваа есен. И тоа против Силекс, тим кој не крие дека и на овој меч сака бодови.

Утре се игра мечот меѓу Македонија ЃП и Брегалница, а екипата на Победа во која има штрајк, во ова 15.коло е слободна.

 

ДВОЈКИ ЗА 15.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

ШКУПИ – СКОПЈЕ

ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

А.ПАНДЕВ – СИЛЕКС

НЕДЕЛА, 13 Ч

МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА

ПОБЕДА (СЛОБОДНА)

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 27, Шкендија 24, Силекс 23, Шкупи 22, Тиквеш 19, Брегалница 19, Македонија ЃП 16, Работнички 15, Победа 11, А. Пандев 9, Скопје 6 бодови

ПретходноКари го одведе првакот до победа, Лејкерс повторно поразени (ВИДЕО)
СледноМбапе си ја затвори вратата во Реал Мадрид со една изјава!