Што ќе прават Русите за време на Мундијалот? Ќе ја ублажат болката на свој начин!

376

Додека во сите земји топката ќе застане и се ќе биде насочено кон најважниот спортски настан оваа година, тоа нема да биде случај со Русија.

Во недела се играат последните натпревари од тамошниот шампионат, по што следува пауза од четири месеци, но далеку од тоа дека нема да се игра фудбал.

Откако Динамо и ЦСКА го играат московското дерби, следува зимска пауза и првенството ќе продолжи напролет, а во меѓувреме ќе се игра и Купот.

Русите кога дознаа за суспензијата решија да го променат форматот на натпреварувањето во Купот, а натпреварите ќе се играат до 27 ноември.

Така, Купот оваа сезона се игра со групна фаза, а кога ќе започне Светското првенство, локалните клубови ќе ги играат последните две кола од групната фаза.

Натпреварите ќе се играат на 22 и 23 ноември, односно на 26 и 27 ноември. Во четвртфиналето ќе се пласираат најдобрите две селекции од четири групи.

Бидејќи ФС на Русија беше суспендиран, Русите решија да ја продолжат сезоната и фудбалот ќе се игра до декември, особено поради фактот што некои од традиционалните учесници во Европа, како Зенит, годинава немаа меѓународни обврски.

Како што сега стојат работите, руските клубови кон средината на јануари ќе ги започнат подготовките за следната полусезона. Најголем дел од клубовите ќе се подготвуваат во Турција.

Русија воопшто нема да учествува во квалификациите за ЕП 2024 година, што е јасен сигнал дека УЕФА размислува долгорочно кога е во прашање статусот на Русија.

ПретходноВМФЛ: Охрид го “мерка“ Гостивар, Воска по бодови во Чегране…
СледноХаланд можел да игра и за друга репрезентација, објасни зошто ја одбрал Норвешка!