Денеска од 13 часот на програмата се два меча од 12.коло во ВМФЛ. И двата се очекува да бидат супер интересни. Во дербито на колото крај Охридското езеро, Охрид го дочекува Гостивар, тим кој што важи за најголем фаворит и тим кој досега едиствен нема пораз во текот на оваа полусезона.
Охрид е во налет, Охрид е во одлична серија и форма, па така на гостиварци нема воопшто да им биде лесно денеска да дојдат до бодови. Во случај на победа тогаш Гостивар, барем до утре, ќе биде лидер на табелата во ВМФЛ.
Во Чегране екипата на Воска Спорт му гостува на Арсими. Се знае кој е фаворит, кој има има поквалитетен состав. Ова е многу значаен меч за Воска, потребни се бодови посебно ако се знае дека на двата последни меча охриѓани освоија само еден од можните шест, со тоа им дозволија на Вардар и Гостивар да ја поминат на табелата.