Репрезентацијата на Норвешка е чекор поблиску до одбрана на титулата. Норвешките ракометарки ја продолжија победничката серија, ја совладаа Шведска со (13-13) и веќе обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство, на своето конто има осум бода.
Победникот на овој дуел беше решен во второто полувреме,актуелниот првак успеа да го урне отпорот на Шведска, одржуваше предност од еден до два гола, а пред истекот на 55 минута поведе и со 25-22 и до крај умешно ја сочува позитивата за голема победа.
Хени Ела Рајстад со седум гола од 11 обиди беше прв стрелец, Ингстад со шест гола беше зад неа, на другата страна Карлсон имаше девет реализации.