Сантос: Бевме малку вознемирени, но успеавме да го скршиме отпорот на Унгарците

188

Фото: Твитер

Португалија со победа над Унгарија 3:0 ја почна одбраната на европската титула. Резултатот не ги отсликува случувањата на теренот затоа што Унгарците добро се бранеа, а Португалците имаа многу проблеми. Дури во финишот го скршија отпорот на противникот. Откако го постигнаа првиот гол, натаму се беше полесно. Роналдо го дотолче противникот со два гола кои го направија најдобар стрелец на европските шампионати.

Ако порано постигневме гол ќе ни беше многу полесно. Унгарија одлучи да се фокусира на одбраната и добро се бранеше, а ние притискавме и притискавме. Имавме шанси за гол кои не ги реализиравме. Да бидам искрен имавме мал период на вознемиреност но одговоривме како што треба. Кога го постигнавме првиот гол веќе беше полесно, Унгарците се отворија, а тоа ни овозможи послободно да одиграме во нападот и да постигнеме уште два гола. Многу важна победа“, изјави Сантос.

ПретходноЕуро 2020: По првите 10 меча поставен рекорд за најмалку прекршоци на едно ЕП
СледноДимитријевиќ: ФИБА турнирите се одлична шанса за проверка на младите сили