Екипата на Манчестер Јунајтед го победи Фулам благодарение на гол на тинејџерот Алехандро Гарначо во 93 минута. Мечот на „Крејвен котиџ“ од 16.коло на Премиер лигата одеше кон реми, а аргентинскиот тинејџер успеа да погоди во судиското продолжение и да ги донесе бодовите за „Ѓаволите“.
Инаку Кристијан Ериксен го доведе Јунајтед во предност во 14. минута, но изедначи Џејмс во 61 минута. Јунајтед е на петтото место на табелата со 26 бода, а Фулам е 9-ти со 19 бода.