Кој го сака Миовски ќе мора да плати најмалку 5 милиони евра!

273

Бојан Миовски оваа есен е хит во елитната лига во Шкотска. Досега во единаесет наврати бил стрелец на мечевите во Премиершип првенството на таа земја, прв на листата на стрелците, еден од најдобрите фудбалери на Абердин. Сите во клубот се воодушевени од настапите на Македонецот, и јасно е дека тие го смеатат Миовски за свое богатство и немаат намера така лесно да го испуштат од раце, посебно не во зимскиот преоден рок. Засега конкретна понуда нема, но има голем интерес од клубови од Франција, Англија и се разбира Шкотска.

Според луѓето од Абердин тие и не помислуваат да го продадат Македонецот за помалку од 5 милиони евра, цена што е повеќе од десет пати од онаа која шкотскиот клуб ја плати на МТК за трансферот пред неколку месеци.

ПретходноРК Вардар ги договори Јагуриновски и Аларов!
СледноЗлато за Македонија: Оливера Наковска Бикова е светски првак! (ФОТОГАЛЕРИЈА)