Кога во супер – дербито ќе ја победиш Шкендија, тогаш нема дилеми дека тренер на колото е стратегот на лидерот, Срѓан Захариевски. Уште еднаш се виде, по којзнае кој пат оваа сезона дека популарниот Срле и тоа како си ја знае својата работа. На тактички план го надмудри својот колега Ќатип Османи, стружани одиграа кко што треба, токму по нотите на Захариевски и затоа според „Спортмедиа“ токму Срѓан Захариевски е тренер на 15.коло во ПМФЛ.