Кристијано Роналдо е отстранет од WhatsApp групата на Манчестер Јунајтед. Ова е уште една потврда дека Португалецот е се поблиски до заминување од „Олд Трафорд“. По неговото скандалозно интервју со Пирс Морган во кое Роналдо даде голем број негативни изјави за развојот на клубот и менаџерот Ерик тен Хаг, од клубот немаат намера да му ги простат овие изјави.
Според информациите, португалската мегаѕвезда е отстранета од WhatsApp групата, каде администратори се Хари Мегваер и Скот Мектоминај.