Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли, потврди дека италијанскиот клуб има намера да го продолжи договорот со тренерот Лучијано Спалети.
„Имаме опција да го продолжиме договорот со Лучијано. Тој ќе остане во клубот бидејќи е клучен дел од нашиот проект“, изјави Џунтоли за Corriere dello Sport.
Спалети е на чело на Наполи од јули 2021 година и има договор со клубот до крајот на јуни 2023 година.