Кошаркар од Австралија јавно призна дека е геј

176

Ајсак Хамфрис, 24. годишниот кошаркар на тимот на Мелбурн од Австралија, на состанок со своите соиграчи јавно им признал дека е геј.

„Се досега ја немав таа можност јавно да ја истакнам мојата сексуална определба. Играв на многу страни од светот, и реално никаде не ми се пружи шансата да го направам тоа. На секаде се се сведува на пари и излегување со девојки, а јас  упорно се обидував да се вклопам во сето тоа. Не сакам да се откријам и сметав дека откако ќе ја завршам кариерата ќе почне мојот вистински живот. Бев многу осамен, сакав да прекинам со кошарката, дури и помислував на самоубиство. Сепак, се разбудив едно утро и сфатив дека има уште многу што треба да направам во животот“ – рекол Хамфрис пред соиграчите.

ПретходноУспехот во претквалификациите ни носи и претквалификации за Олимпијада
СледноНеагу бесна: Овие судии не треба да судат на никого!