Емотивниот Роналдо: „Ја чувам пепелта од својот син, разговарам со него…“!

1384

Кристијано Роналдо со своето последно интервју просто го “здрма“ фудбалскиот свет. Си кажа што мисли за Манчестер Јунајтед, за сите случувања околу и во клубот, но и за неговите поранешни играчи како на пример за Вејн Руни.

Сепак дел од тоа славно интервју тој говореше за својот починат син.

Пред неколку месеци новородениот син, близнак на Бела Есмералда, почина Ангел. Тоа беше голема загуба за него и неговата Џорџина:

Кога Џорџина дојде дома по породувањето децата прашаа – а каде е другото бебе? После една недела иако ми беше тешко сепак сакам да бидам искрен со нив, им кажав дека Ангел замина во рајот. Тие разбраа, јас им ја кажав вистината. Ја чувам урната од пепелта од својот син заедно со онаа од мојот татко кој почина во 2005 година, во капела, во подрумот на мојот дом. Разговарам и со двајцата“ рече покрај другото Португалецот.

Image

ПретходноНеагу бесна: Овие судии не треба да судат на никого!
СледноМанчини: Италија заслужи да биде во Катар